Топ десет одговори на бројни прашања за “Бестрашниот“ Феликс

Кои биле најголемите опасности кои можеле да го убијат во текот на летот? Што се случило со балонот? Дали Феликс е оженет? Ова се само дел од бројните прашања поврзани со човекот кој со скок од работ на вселената стана жива легенда.

Што се случило со капсулата и балонот по скокот?

Откако било потврдено дека Баумгартнер се приземјил, инженерите во контролната соба своето внимание го насочиле кон балонот и капсулата. Преку далечински управувач ја одделиле капсулата од балонот, која се спуштила на земјата со помош на сопствен падобран. Капсулата паднала 88 километри источно од местото каде се спушти Феликс, додека балонот бил издуван со помош на најлонски конец. Теоретски, капсулата би можела повторно да се користи, додека балонот може да се употреби само еднаш.

Зошто паднал во бессознание откако го пробил звучниот ѕид?

Тимот на Феликс се’ уште ја анализира состојбата на неговиот организам во моментот кога достигнал брзина од 1.173 километри на час. Еден од главните научни цели на скокот било да се открие нешто повеќе за однесувањето на човечкиот организам во такви услови. Се’ што знаеме досега е дека тој преживеа, што ги отфрла шпекулациите дека неговото тело би можело да експлодира поради притисокот на кој бил изложен. Феликс тврди дека не било трауматично да ја пробие брзината на звукот, бидејќи оделото кое го носел го штитело од надворешни влијанија.

Во што е специфичноста на оделото?

Тимот на Феликс кацигата и оделото го опишале како “негов личен систем за одржување во живот“. Оделото е направено по урнек на оние одела кои ги носат пилотите на извидничките авиони на голема висина, но никогаш претходно не било испробано за слободен пад.

Оделото се состои од четири слоеви. Внатрешноста овозможува удобност при движење, додека следниот слој е “гасна мембрана“ која му помогнала да го совлада воздушниот притисок. Потоа доаѓа слој кој го одржува обликот на оделото, а на крајот е надворешниот дел кој е незапаллив и го штити од надворешната температура.

Дали бил на диета пред скокот?

Да. Најмалку еден ден пред скокот Феликс јадел храна со ниска содржина на влакна бидејќи брзо се вари и не предизвикува гасови. Во окружување на низок притисок може да дојде до ширење на гасовите и силни внатрешни болки, што е познато како “баротраума“.

Феликс од исти причини, баш како што прават и нуркачите, морал да вдиши кислород два часа пред скокот за да се намали нивото на азот во крвта. Доколку дошло до оштетување на оделото на висина од 19,2 километри, таканаречената “Граница на Армстронг“, каде водата врие на температура на телото, на Феликс би можела да му изврие крвта.

Колку спиел пред скокот?

Тимот од експерти направил детален план на неговите активности за да биде целосно одморен. Тоа значи дека морал да оди на спиење точно 12 часа пред летот, за да можел да спие осум часа. Но, поради големите обврски кои ги имал на денот на скокот морал да се разбуди неколку часа пред зори. Феликс изјавил дека пред важни скокови сака да црта за да си го прочисти умот.

Која била најголемата закана со која би можел да се соочи?

Неговиот тим разработил 16 најразлични ситуации кои би требало да се решат пред да се случи самиот лет. Во тоа влегува ултравиолетовото зрачење, ненадејните промени на ветрот, ударот при слетување, екстремните температури, недостаток на кислород, декомпресиона болест, неконтролирани ротации при пад, воздушни ударни бранови и пожар во капсулата. Двете најголеми опасности биле пукање на оделото или капсулата и случајно отворање на падобранот.

Како знаеле каде ќе падне?

Со оглед на висината на која бил, изгледа фантастично што се спуштил со таква прецизност. Неговиот тим подоцна потврдил дека местото на спуштање било само 36 километри од местото од кое полетал. Од моментот кога го отворил падобранот и кога престанал слободниот пад, Феликс можел да “управува“ до посакуваното место за спуштање.

Кој е неговиот следен подвиг?

“Се повлекувам од оваа опасна работа. Сакам да се вработам како пилот на хеликоптер. Ќе се борам со пожари и ќе спасувам луѓе. Без мејлови и телефонски повици“, изјавил Феликс.

Колку време ќе помине додека некој не го направи истото?

Само балонот кој Феликс го користел, а кој е за еднократна употреба, чини 250.000 долари. Се проценува дека главниот спонзор “Ред Бул“, потрошил неколку милиони долари. Поради тоа не се очекува дека во скоро време некој ќе се обиде да го собори потфатот на Феликс.

Дали е женет?

Не, но заедно со родителите, по скокот, го пречекала и неговата девојка Никол Етл.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Наставникот по географија го завртел глобусот и го прашува ученикот кој треба да одговори:
- Што е ова?
- Почнуваат вести - одговорил ученикот.
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1191.- Почна зографирањето на црквата "Свети...
1284.- Роден е англискиот крал Едвард II....
1595.- Во Рим умре Торквато Тасо, италијански...
1599.- Роден е водачот на Англиската револуција...