Трите мускетари од Google

Од Google се “пофалија“ со три нови уреди, станува збор за обновениот Nexus 7 таблет, новиот 10 инчен таблет Nexus 10 како и новиот паметен телефон Nexus 4.



Во основа тоа се три Nexus уреди во три нови категории на производи со кои Google “влегува во претпразничната сезона за шопинг“.

Nexus 4 ќе се бори во конкуренција со паметните телефони iPhone 5 и Galaxy S3, Nexus 7 е во конкуренција со iPad mini и Kindle Fire, додека Nexus 10 ќе се обиде да му земе дел од пазарот на Apple-овиот iPad како и на новиот таблет на Microsoft, Surface.

Во пакет со овие гаџети, ќе пристигне и новата верзија на Android, кој е наречен Android 4.2 Jelly Bean.



Новиот софтвер значително ги подобрува карактеристиките на таблетот. Можеби најважното подобрување е она кое се однесува на нудењето на поддршка за повеќе кориснички сметки. Тоа е многу корисна работа за семејството и за деловните луѓе кои ги делат своите уреди со други. Освен тоа, тука е и новиот дигитален помошник Google Now, кој му е конкуренција на Apple-от Siri систем за препознавање на говор.

Сега кога овие уреди се на пазарот, Google се надева дека потенцијалните купувачи двапати ќе размислат пред да се одлучат за iPad Mini или некој друг производ на Apple.

Во секој случај треба да признаеме дека Google и понатаму внесува нови предизвици на пазарот на потрошувачка електроника.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Двајца излегле со своите жени низ чаршија да се прошетат но и двајцата ги изгубиле своите жени.
И почнале да ги барат.Барајки ги жените и двајцата се судриле.Првиот рекол:Извини...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
570.- Во Мека е роден Мухамед, основач на...
1653.- Водачот на Англиската револуција Оливер...
1657.- Англиската флота, под команда на адмирал...
1768.- Умре италијанскиот сликар Каналето, еден...