Google не е толку добар работодавец

По се изгледа ни Google не е она што некогаш беше - симпатичната мала компанија која е сон за секој млад инженер. На адресата на Quora веќе некое време постои тема “најлошото поврзано со работењето во Google“, а која предизвика лавина на реакции на поранешни и сегашни вработени во компанијата.



Проблемите кои ги наведуваат поранешните и сегашните вработени во Google се разновидни, а се однесуваат на целата структура.

Средниот менаџмент е опишан како немилосрден и насочен исклучиво на сирови податоци без да се земат други фактори предвид, наведе еден од корисниците на Quora кој се претстави како вработен во компанијата.



“Не сакаат промени, не сакаат да ја поттикнат работната сила и се повеќе се потпираат на името на компанијата и репутацијата која ја има“, вели анонимниот работник во Google.

Некои од вработените сметаат дека компанијата е преголема за да можат да направат некаква разлика во својата околина, па поради тоа себе си се гледаат како преквалификувани работници кои работат врзани за поддршка на корисниците.

“Ако сте брилијантен инженер може да добиете шанса да создадете нешто ново, инаку ќе завршите како работник кој ги подмачкува деловите на големата машина“, се вели во одговор на друг кој има искуство со Google.



Има многу одговори поврзани за прекфалификуваноста и неможноста за напредувањето.

Исто така се спомнува дека Google ги зема најталентираните луѓе од водечките образовни институции за потоа истите рачно да отстрануваат материјали од YouTube или да пишуваат едноставни кодови.

И за крај многумина сметаат дека Google едноставно ги лови талентите кои ќе ги плаќа само за да го “изгладни остатокот од Силиконската долина“.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
- Што е тоа мало црвено, по малку бело?
- Мравка со нога во гипс.

webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по наместа влажни коловози. ФРЕКВЕНЦИЈА: Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е...
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Меѓународен ден на спомениците на...
1797.- Роден е францускиот државник и историчар...
1820.- Роден е австрискиот композитор и диригент...
1882.- Во Лондон е роден Леополд Стоковски,...