Доказ: Македонците дремат „цел ден“ на Facebook

Четириесет и четири проценти од корисниците на Фејсбук од Македонија поминуваат три и повеќе часа дневно на  таа социјална мрежа, покажуваат резултатите од првото сеопфатно истражување за ставовите и однесувањето на македонските корисници на Фејсбук, што го спроведе агенцијата „Рејтинг“ во соработка со Њумедиа.мк.

Според истражувањето, 60 проценти  од корисниците сметаат дека  поминуваат премногу време на Фејсбук, а само 22,5 проценти  размислуваат да се откажат од користење на оваа социјална мрежа.

- Веруваме дека податоците кои ги добивме ќе им помогнат на компаниите, професионалците и организациите подобро да ги позиционираат своите стратегии за промоција на Фејсбук, изјави Никола Спасов, од агенцијата „Рејтинг“.

Целосните резултати од истражувањето ќе бидат презентирани во рамки на AllWeb конференцијата за интернет маркетинг и онлајн ПР што ќе се одржи на 15. овој месец во Скопје.

Темата на AllWeb е интегрирани комуникации, а фокусот ќе биде ставен на интегриран маркетинг, мерење и анализа на социјални медиуми и онлајн односи со јавноста. Конференцијата има цел да понуди ново искуство за маркетинг менаџерите, агенциите за маркетинг и за односи со јавноста, луѓето кои обезбедуваат содржини на интернет, студентите, но и за локалните претприемачи.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Наставникот по географија го завртел глобусот и го прашува ученикот кој треба да одговори:
- Што е ова?
- Почнуваат вести - одговорил ученикот.
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1191.- Почна зографирањето на црквата "Свети...
1284.- Роден е англискиот крал Едвард II....
1595.- Во Рим умре Торквато Тасо, италијански...
1599.- Роден е водачот на Англиската револуција...