И таман кога ќе помислите дека сите чудни апликации сте ги виделе, ќе се појави некоја која се вика Lick This. Оваа апликација е направена со една цел, да им помогне на корисниците да ги подобрат своите вештини во оралниот секс.
Апликацијата не треба да се симнува, доволно е да го посетите нивниот веб сајт и да почнете верувале или не да го лижете екранот на вашиот мобилен телефон. Креаторите на оваа апликација сугерираат пред да почнете да лижете, телефонот да го ставите под пластична фолија, бидејќи истиот е понечист од тоалет шолја, барем така велат многуте истражувања.
Кога веќе ќе го завиткате и ќе се заштитите од бактериите имате три можности.
1 Да лижете горе-долу, целта е што побрзо да лижете по прекинувачот на екранот.
2 Да лижете во кругови, треба да го движите прекинувачот во круг колку што е можно побргу.
3 Слободен стил, треба со јазикот да ја фатите топката која скока по екранот...еднаш кога ќе ги совладате сите три техники, подготвени сте истите да ги примените и во реалниот живот.