ВИДЕО: ИТ шегаџии

Многумина на различен начин го искористија поминатиот ден на шегата 1 април за да се пошегуваат со своите најблиски, а пак медиумите тоа го направија пак со своите читатели и гледачи. Од сите нив, во оваа прилика, ја издвојуваме онаа на пар ИТ „шегаџии“ кои успеаја да прелажат многумина со една оригинална идеја.



Тие ја претставија иновативната апликација BeardSwipe, која на мажите со брада им овозможува да ги отклучат своите мобилни телефони со користење на влакната на своето лице.

Многумина наседнаа на оваа првоаприлска шега која говори за технологијата која ги отклучува паметните телефони со помош на брада. Меѓу останатите дури и Huffington Post во првата верзија на текстот напиша дека видеото за BeardSwipe апликацијата е промотивно. Нешто подоцна се испостави дека станува збор за шега која брзо се рашири на интернет.

Креаторите на оваа шега напишаа дека апликацијата која ја изработија со користење на технологијата „beardprint“ е сигурен и прикладен начин за пристапување на вашиот мобилен уред.

„Вашиот телефон користи алгоритам кој се темели на примерок кој го препознава вашиот единствен отпечаток од брадата за да ви овозможи сигурно отклучување“.

„Beardprint е само еден до многуте форми на биометрија која денес се користи за идентификување на поединци“, кажа Зак Сејл од BeardSwipe. Тој како објасни „секој човек има единствен примерок на фоликула на лицето, текстура и густина што го создава она што сакам да го наречам „отпечаток на палец на лицето“.

Шегаџиите исто така напишале дека оваа нова технологија е развиена во компанијата iStrategyLabs и дека е тестирана и за мустаќи и трепки но дека тоа не е ништо во споредба со брадата.

BeardSwipe from iStrategyLabs on Vimeo.


„Брадите се за победници“, наведе BeardSwipe дури и на својот профил на Twitter,  „а победниците имаат телефони“.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Муабетат двајца пријатели во кафана:
- Абе, знаеш дека од една пијачка ме фаќа?
- Ај, шо збориш, од една само???
- Да бе, и тоа обично шестата.

* * *
Прашува едно дете...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Времена измена на режим на сообраќај на регионален пат Р1101 делница Прилеп - Битола заради интезивирање на градежни активности во врска со проект "Санација на трупот на патот кај...
Верски календар
На денешен ден
1461.- Во најкрвавата битка во Војната меѓу двете...
1772.- Умре шведскиот филозоф Емануел...
1792.- Умре шведскиот крал Густав Трети, 13 дена...
1809.- Шведскиот крал Густав Четврти мораше да...