„НАСА Спејс Апс Челинџ Македонија 2014“ е официјално отворен

Интернационалниот хакатон „НАСА Спејс Апс Челинџ Македонија 2014“ (NASA Space Apps Challenge Macedonia 2014) настанот кој утре и задутре (12 и 13 април) ќе се одржи во Скопје, денес свечено беше прогласен за отворен.

Во Македонија овој настан се организира по втор пат и како коорганизатори за прв пат се вклучени вкупно четиринаесет студентски организации, како СП ФИНКИ, СП ФЕИТ, СП МФС, IAESTE, EESTEC, СП УКМ, BEST Скопје, СП УКЛО, два Студентски Парламенти на Државниот Универзитет-Тетово, ИЛУМИНЕ, ESTIEM, DECA, Скопско Астрономско Друштво. Целата техничка поддршка потребна за овој дводневен настан, годинава е обезбеден од страна на Македонски Телеком која подразбира Optic Giga услуга со брзина од 1Gbps како и Wi-Fi интернет пристап на сите три спрата на локацијата на одржување на настанот.

-Навистина е значајно решенијата кои ќе се направат тука да добијат можност да се направат на едно повисоко ниво и навистина ќе биде успех ако тим од Македонија се пласира на глобално ниво , изјави Ирена Чаушевска, лидерката на НАСА Спејс Апс Челинџ Македонија 2014.

Настанот поттикнува иновативно решавање на проблеми преку масовна колаборација со цел креирање на open-source решенија за глобални предизвици.

Оваа година членовите на тимовите го направија својот избор од над 50 предизвици на следните 5 теми: технологијата во вселената, летови на човекот во вселената, астероиди, набљудување на Земјата и роботика. Во 2013 година, на настанот учествуваа вкупно 9147 учесници, а беше одржан во 83 градови, 44 држави и беа направени вкупно 770 апликации.

Оваа година истиот ќе се реализира во 100 градови низ целиот свет, а во Македонија беа пријавени 300 учесници, од кои 150 беа избрани да бидат дел од овој интернационален настан и да го изнесат своето решение на светско ниво.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Студенка по медицина полага
испит.
-Колешке,во тестисите на
мажите колкаво количество спер-
ма има?
По кратко размислување.
-Паа,голтка -голтка ипол!
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Времена измена на режим на сообраќај на регионален пат Р1101 делница Прилеп - Битола заради интезивирање на градежни активности во врска со проект "Санација на трупот на патот кај...
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Светски ден на бабите, празник...
1472.- Роден е италијанскиот сликар Бартоломео...
1483.- Во Урбино е роден Рафаело Санти,...
1749.- Во Бомон ан Ож е роден Пјер Симон Лаплас,...