Добра идеја: Две во едно

Компанијата Kingston го претстави својот DataTraveler microDuo, кој е комбинација на USB и microUSB флеш диск, кој им овозможува на корисниците да го прошират капацитетот на своите Android таблети и паметни телефони.

DataTraveler microDuo користи microUSB порт на уредите кои често се користат за полнење за да се прошири капацитетот до 64GB. Оваа можност е многу корисна доколку имаме на ум дека се повеќе паметни телефони и некои таблети пристигнуваат без microSD за картички.

Дискот може да се користи со било кој уред кој е компатибилен со USB On The Go стандардот со двостран интерфејс кој им овозможува на корисниците да ги преместуваат или копираат фајловите без да ги користат компјутерите.

Паметните телефони и таблетите бележат фотографии во висока резолуција и видео во HD формат, некои уреди дури и во 4К формат. Корисниците сега можат да копираат или да ги поместат големите фајлови, фотографии, видео или пак својата музика од уредот за да ослободат место, како од стандарден флеш диск.

„DT microDuo е одличен дополнителен уред за мобилни телефони или таблети бидејќи им овозможува на корисниците да ги бекапираат фајловите и со самото тоа да ослободат простор или да ги делат фајловите помеѓу уредите многу лесно“, изјави Дејан Шкулетиќ, кој е менаџер за развој и работење за подрачјето на Србија, Црна Гора, Босна и Херцеговина, Хрватска и Македонија во компанијата Kingston Technology Europe.



„Уредот поседува компактен дизајн со отвор за привезок и ротирачка капа, иако е мал по големина поседува големи можности кога е во прашање просторот за складирање. Корисниците кои често патуваат можат со себе да ја носат комплетната колекција на музика или видеа без грижа за пополнување на меморијата на својот уред“.

DataTraveler microDuo е достапен од 8 GB, 16 GB, 32 GB и 64 GB, поседува петгодишна гаранција, бесплатна техничка поддршка и легендарната сигурност на Kingston.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Двајца излегле со своите жени низ чаршија да се прошетат но и двајцата ги изгубиле своите жени.
И почнале да ги барат.Барајки ги жените и двајцата се судриле.Првиот рекол:Извини...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
570.- Во Мека е роден Мухамед, основач на...
1653.- Водачот на Англиската револуција Оливер...
1657.- Англиската флота, под команда на адмирал...
1768.- Умре италијанскиот сликар Каналето, еден...