Митови и вистини за батериите

Постојат повеќе начини да го продолжите, но и да го скратите животниот век на батеријата. Сепак, некои совети поврзани со полнењето се мит, а некои пак се вистина.

На пример, долго време се верува дека полначите на помалку познатите производители ги уништуваат батериите, што апсолутно е неточно. Проблемот е во копиите кои во себе имаат грешка, но сите полначи кои легално ги купувате не делуваат негативно на батеријата.

Во продолжение ви презентираме неколку митови (и вистини).

Не е добро да се користи телефонот додека е на полнач. Ова не е точно, телефонот може да се користи колку сакате, се додека не користите сомнителен полнач. Единствена последица е што полнењето ќе трае малку подолго.

Полнењето во текот на цела ноќ ја уништува батеријата. Повеќето паметни телефони всушност препознаваат кога батеријата им е полна и го прекинуваат понатамошното полнење. Сепак не е добро телефонот да  биде приклучен на полнач во текот на целата ноќ и тоа постојано. Батеријата подолго ќе трае доколку го држите телефонот помеѓу 40 и 80% од капацитетот.

Паметните телефони никогаш не треба да ги исклучувате. Во прашање е уред, но и на него му е потребна пауза од време на време. Ако не морате секогаш да бидете достапни, повремено исклучете го телефонот. Се препорачува тоа да го направите во текот на една ноќ неделно.

Немојте да го полните телефонот се додека батеријата во целост не се истроши. Подобро батеријата да ја дополнувате секојдневно, отколку секој пат да стартувате од нула. Литиум јонските батерии кои ги имаат повеќето современи телефони подобро се држат кога се наполнети. Ако постојано ги цедите до последна црта, можат да станат нестабилни.

Топлината ќе ја уништи батеријата. Тоа е точно. Батериите не трпат високи температури, а литиум јонските батерии веќе се доволно загреани од полнењето и самото работење. Но исто така не им одговара ни ладно време, бидејќи во тие услови побрзо се празнат.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Наставникот по географија го завртел глобусот и го прашува ученикот кој треба да одговори:
- Што е ова?
- Почнуваат вести - одговорил ученикот.
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1191.- Почна зографирањето на црквата "Свети...
1284.- Роден е англискиот крал Едвард II....
1595.- Во Рим умре Торквато Тасо, италијански...
1599.- Роден е водачот на Англиската револуција...