128 GB во новиот iPhone 6

Можеби конечно ќе бидеме во прилика да го видиме паметниот телефон со 128GB простор за складирање на податоци.

Вградениот простор за складирање на податоци во паметните телефони последните години полека расте, иако напредокот е забавен со пристигнувањето на 64GB, но наскоро повторно би можеле да видиме конкретен напредок ако може да им се верува на гласините кои тврдат дека iPhone 6 ќе има 128GB интерна меморија.

До овие информации дојде сајтот Feng.com по разговорот со изворите од еден од добавувачите на компанијата од Купертино. Интересно, е дека само 5.5 инчниот модел ќе ја има таа количина на простор, додека моделот од 4.7 инчи ќе има 64GB интерна меморија.

Ова секако има смисла со оглед на тоа дека поголемиот модел ќе поседува повеќе простор во кој таа меморија може да биде сместена, а и Apple веројатно сака поголемиот модел да поседува нешто што дополнително ќе го издвои покрај поголемиот екран.

Порано гласините тврдеа дека поголемите модели ќе имаат и оптичка стабилизација на сликата, а колку сево ова е вистинито ќе дознаеме откако Apple официјално ќе го претстави својот нов iPhone 6.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Наставникот по географија го завртел глобусот и го прашува ученикот кој треба да одговори:
- Што е ова?
- Почнуваат вести - одговорил ученикот.
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1191.- Почна зографирањето на црквата "Свети...
1284.- Роден е англискиот крал Едвард II....
1595.- Во Рим умре Торквато Тасо, италијански...
1599.- Роден е водачот на Англиската револуција...