Роботи-готвачи

Откако на иницијатива на институтот за вештачка интелигенција од германскиот Универзитет во Бремен, пред неколку години е стартуван проектот RoboEarth, многу тимови ширум светот ја користат таа платформа на отворен код за сопствени креации.

Идејата е на роботите да им се овозможи интелигенција преку интернет, односно да им го прилагоди интернетот за да можат да разбираат и да учат од него.



Помеѓу останатите, тука е и четиригодишниот европски истражувачки проект под називот Robohow кој започна во 2012 година. Идејата на неговите креатори е да им се овозможи на роботите сериозно да им конкурираат на луѓето во изведување на разни секојдневни манипулациски активности и тоа во човековото деловно и животно опкружување.

Крајната визија на научниците од Германија, Белгија, Франција, Швајцарија, Грција и Холандија кои соработуваат на овој проект, е да произведат роботи кои ќе бидат во состојба да ги разбираат инструкциите на луѓето во извршување на разни задачи, слично како што луѓето усвојуваат некои знаења и вештини преку интернет.



На пример, еден ден на својот домашен робот готвач ќе му речете “зготви ми нешто ново“, по што тој на интернет ќе ја пребара базата на рецепти и јадења и ќе ви предложи некое јадење кое се темели на вашиот вкус и на намирниците кои ги поседувате дома.

Кога ќе се сложите со неговиот избор или пак ќе дадете команда да зготви нешто сосема различно со што нема искуство, тој на интернет ќе побара видео од училиштето “голи готвачи“, ќе ја извежба техниката и подготовката за одреденото јадење.



Ако сумираме, програмирањето на вештачката интелигенција на Robohow се темели на знаење и пренесување на искуство, а визијата на научниците се когнитивни роботи кои автономно изведуваат комплексни секојдневни манипулации и ги прошируваат своите вештини со гледање на луѓето и учење од нив.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Студенка по медицина полага
испит.
-Колешке,во тестисите на
мажите колкаво количество спер-
ма има?
По кратко размислување.
-Паа,голтка -голтка ипол!
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Времена измена на режим на сообраќај на регионален пат Р1101 делница Прилеп - Битола заради интезивирање на градежни активности во врска со проект "Санација на трупот на патот кај...
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Светски ден на бабите, празник...
1472.- Роден е италијанскиот сликар Бартоломео...
1483.- Во Урбино е роден Рафаело Санти,...
1749.- Во Бомон ан Ож е роден Пјер Симон Лаплас,...