Facebook страната на Wall Street Journal, деновиве ја хакираше непознат сторител.
Хакерот напиша лажна вест дека се срушил претседателскиот авион US Air Force One, откако контролата на летот го изгубила контактот со нив додека авионот се наоѓал на рускиот воздушен простор.
Во друг пост, хакерот напишал дека американскиот потпретседател Џо Биден ќе и се обрати на нацијата по авионската несреќа.
Wall Street Journal ги избришал постовите и ги известил своите читатели дека неговиот профил бил нападнат.
Овој случај на хакирање потсетува на сличен инцидент кој се случи во април 2013 година кога е хакиран Twitter профилот на информативната агенција на Associated Press.
Тогаш хакерите кои се претставиле како Syrian Electronic Army напишале дека американскиот претседател Обама е повреден во две експлозии во Белата куќа.
Во декември и Washington Post исто така беше хакиран, а тогаш беа загрозени корисничките имиња на вработените, лозинките и другите приватни податоци.