Можеби мислевте дека Elife S5.5 на компанијата Gionee, беше апсурдно тенок паметен телефон, но сепак се чини дека успеаја со својот нов адут да се надминат сами себе.
Новиот модел, со кодно име GN9005, наводно е тенок само пет милиметри, за пола милиметар потенок од својот претходник.
Најтенкиот паметен телефон на светот има AMOLED екран со дијагонала од 4,8 инчи (12,1 сантиметар), процесор со четири јадра на 1,2 GHz и скромна батерија со капацитет од 2050 mAh, 16GB вградена меморија, еден GB RAM и позадинска камера со осум и предна со пет мегапиксели.
Со оглед на тоа дека оваа и сличните титули покрај хиперпродукцијата на вакви уреди деновиве не траат многу долго, податокот дека GN9005 е најтенкиот телефон на светот сепак треба да се земе само „на краток период“.
За сега не е познато кога уредот ќе се најде на продажба.