Наскоро дигитални погреби во Јапонија

Дека Јапонците се во се особено во технологијата неколку чекори пред другите, покажува веста дека компанијата Yahoo во таа земја лансираше сервис за online погреб кај своите корисници Yahoo Ending.

Идејата е луѓето пред смртта да се пријават за оваа услуга и однапред да одредат како ќе изгледа нивниот дигитален погреб.

Сервисот овозможува на членовите на семејството на паметен телефон да им стигнуваат пораки за збогување од таткото кој само што починал. Тоа е само една од функциите на новиот сервис на кој корисникот ќе може да постави дигитален споменик, односно меморијална страна со фотографии, видео снимки, покана за погреб и каде ќе може да се изјави сочувство, пренесуваат медиумите.

За да се спречи злоупотреба, оваа страна ќе биде активна дури кога ќе стигне официјална потврда за смртта за која во извештаите не се наведува по чија наредба треба да биде издадена, дали корисникот ќе бара од погребалното тоа да го направат по неговата смрт или тоа е обврска на семејството не е познато.

Кога ќе се добие потврда за смртта, сервисот исто така ги брише сите податоци кои починатиот ги чувал на Yahoo сметките.

Оние кои ќе се пријават за оваа услуга која делумно ќе се наплатува, ќе имаат помош од погребалното во составување на тестаментот, пронаоѓање на гробно место и планирање на други детали за погребот.

“Јапонците во минатото се консултираа со роднините и комшиите за деталите за погребот, но тоа повеќе не е така. Сега главна грижа им е кого да го прашаат за совет и колку сето тоа ќе чини“, вели претставник од погребалното претпријатие кој наведува дека трошоците за целосниот обред во оваа земја изнесуваат 18.000 долари.

Се очекува овој сервис во иднина да воспостави соработка и со банките, осигурителните компании и другите компании за да управуваат со податоците кои остануваат после смртта на корисникот.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Невработена службеничка го прашува директорот:
- Кои се условите да станам ваша секретарка?
- Многу едноставни: сакаш или не сакаш?
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
885.- Во Моравија умре Методиј Солунски, постар...
1587.- Британската флота под команда на адмирал...
1772.- Во Лондон е роден Давид Рикардо, англиски...
1775.- Американската војна за независност почна...