Се појави Shield таблетот

Информациите кои протекоа неодамна за Shield таблетот на Nvidia се покажаа како точни, бидејќи познатиот произведувач на графички чипови туку што го претстави својот нов гаџет.



Како што се очекуваше, овој таблет пристигнува со 8 инчен Full HD IPS LCD екран, но со резолуција која не изнесува 1920x1080, туку 1920x1200 пиксели.

Во срцето и мозокот се наоѓа Tegra K1 SoC (192 јадрен Kepler GPU и четиријадрен ARM Cortex-A15 2.3 GHz CPU) и 2 GB DDR3 RAM, а ќе се продава во две верзии, со WiFi и 16 GB меморија, како и со 32 GB и LTE конекција.

На таблетот истовремено можат да се спојат до четири нови Nvidia Shield гејмпадови, а microSD картичката за меморија може да се прошири до 128 GB.

Иако овој хардвер е прилично импресивен за еден Android (4.4.2 KitKat) уред, за сега тешко е да се пронајдат игри кои можат да го искористат целиот негов потенцијал, па можеби попаметно е да се почека малку додека партнерите на Nvidia не почнат да издаваат наслови кои би можеле да им конкурираат на најдобрите игри за постоечките конзоли.



Додека ги чекате таквите хитови, таблетот помеѓу останатото би можел да се користи да преку HDM стримувате UHD 4K филмови на голем ТВ.

Nvidia Shield "WiFi only" 16 GB таблетот ќе се продава по цена од 300 евра, додека за верзија со LTE “додаток“ и 32 GB ќе мора да издвоите уште 100 евра.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Муабетат двајца пријатели во кафана:
- Абе, знаеш дека од една пијачка ме фаќа?
- Ај, шо збориш, од една само???
- Да бе, и тоа обично шестата.

* * *
Прашува едно дете...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Времена измена на режим на сообраќај на регионален пат Р1101 делница Прилеп - Битола заради интезивирање на градежни активности во врска со проект "Санација на трупот на патот кај...
Верски календар
На денешен ден
1461.- Во најкрвавата битка во Војната меѓу двете...
1772.- Умре шведскиот филозоф Емануел...
1792.- Умре шведскиот крал Густав Трети, 13 дена...
1809.- Шведскиот крал Густав Четврти мораше да...