Еве зошто да не спиете со вашиот мобилен телефон

Тоа дека многу луѓе се опседнати со мобилните телефони не е веќе никаков новитет, но се повеќе се оние кои не се одвојуваат од своите уреди дури ни кога спијат, барем така покажува истражувањето кои го спроведоа на Pew Internet Project.



Истражувањето покажува дека дури 44% од луѓето кои поседуваат мобилен заспиваат со својот телефон (некои намерно, некои случајно). Во продолжение ви пренесуваме три причини поради кои тоа не е баш добра идеја.

Можете да ја запалите перницата. Една тинејџерка од Тексас неодамна од сон ја разбудила смрдеа, а кога се разбудила имала што да види. Нејзиниот Samsung Galaxy S4, кој бил под перницата делимично се стопил и успеал да ги запали чаршавот и душекот.

Истрагата открила дека најверојатно е виновна заменската батерија, која произведувачот не ја одобрил и на која ги предупредува корисниците. Во прирачникот исто така ќе најдете дека мобилниот не треба да го покривате особено не со ткаенина и прекривачи.

Може да ве држи будни. Мобилните, некои телевизори, таблети и уреди со LED екрани се познати по тоа што емитираат светлина која може да поттикне производство на мелатонин, хормонот кој е задолжен за поспаноста.

Светлоста која ја емитираат е слична на дневната светлина, на која реагира мелатонинот. Поради тоа е добро да се ограничи користењето на уредите пред спиење и можеби дури да се преселат во друга просторија.

Можни се ризици по здравјето. Уште ниту едно истражување не успеало да докаже дека користењето на мобилен предизвикува рак. Ниту пак дека користењето на мобилен да го поврзе со ниту една болест, иако е потврдено дека зрачењето кое го емитира не е опасно по телото на човекот, Светската здраствена организација во 2011 година сугерираше дека зрачењето можеби сепак е штетно и можеби е канцерогено за деца.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Наставникот по географија го завртел глобусот и го прашува ученикот кој треба да одговори:
- Што е ова?
- Почнуваат вести - одговорил ученикот.
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1191.- Почна зографирањето на црквата "Свети...
1284.- Роден е англискиот крал Едвард II....
1595.- Во Рим умре Торквато Тасо, италијански...
1599.- Роден е водачот на Англиската револуција...