Нов “пливач“ на Sony

Компанијата Sony го претстави Xperia M2 Aqua паметниот телефон, кој претставува водоотпорна верзија на Xperia M2 уред од средна класа.



Со други зборови на овој телефон со 4,8 инчен HD екран, четворојадрен Qualcomm Snapdragon 400 чипсет (CPU Cortex-A7) и Adreno 305 графика, му овозможија како што велат “највисоко ниво на водоотпорност на светот“.



Иако ни се чини дека со ова малку задоцнија, бидејќи овој уред би било идеално да пристигне на пазарот на почетокот, а не на крајот на летото (ќе се испорачува во текот на есента). Оваа функционалност е одлична за време на летните водени лудории, бидејќи ќе можете безгрижно да телефонирате и фотографирате додека сте во вода, во текот на целата година без разлика дали ќе бидете на плажа, базен или када.

Освен водоотпорноста, уредот има квалитетна 8 мегапикселна камера, и цела низа на апликации за неа, а тука е уште и LTE поврзаноста, како и батеријата од 2300 mAH, што е навистина одлично за паметен телефон од средната класа.



Во своето соопштение компанијата Sony, наведува и дека Xperia M2 Aqua користи NFC технологија која овозможува поврзување со еден допир со низа други уреди на Sony од SmartWear понудата, слушалки, звучници, домашен HI-FI систем, ТВ како и низа на други уреди.


Овој телефон ќе биде достапен во црна и бела боја, а цената ќе биде објавена пред почетокот на неговата продажба кој ќе биде оваа есен.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Наставникот по географија го завртел глобусот и го прашува ученикот кој треба да одговори:
- Што е ова?
- Почнуваат вести - одговорил ученикот.
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1191.- Почна зографирањето на црквата "Свети...
1284.- Роден е англискиот крал Едвард II....
1595.- Во Рим умре Торквато Тасо, италијански...
1599.- Роден е водачот на Англиската револуција...