Домашно кино какво што секој посакува

Компанијата Samsung го претстави новото BluRay домашно видео HT-H7750, со вкупна моќ од 1.330 вати за богат 7.1 канален звук.



Транспарентните звучници кои се одликуваат со елегантен дизајн изработени се од мешавина на пулпа и материјал од јагленородни наноцевки (CNT), нудат поголема цврстина и имаат помала тежина, што овозможува поголема чистина на звукот, додека дисторзијата е сведена на минимум.

Кај ова домашно кино може да се персонализира звукот според потребите на корисникот благодарение на функцијата за прилагодување на звукот. Оваа функција ја мери слушната фреквенција на звукот кај секој корисник преку шест фреквентни обеми и пронаоѓа совршено нагодување на звукот кое одговара на слухот.

Корисниците можат да креираат сопствени профили и брзо и лесно да се префрлаат помеѓу нив во рамките на посебно прилагоден кориснички интерфејс.



Благодарение на партнерството со водечката компанија која се занимава со развој на дигитални аудио технологии, DTS, Samsung е единствен бренд на електронски уреди кој нуди нов DTS Neo: Fusion II кодек за 2014. Оваа врвна технологија го претвора изворното аудио во виртуелен 9,1 канален звук.

Посебно доживување на забавните содржини е можно со исклучително реалистичното HD аудио кое е 96 kHz / 24 битно. Тоа многу попрецизно и живописно го репродуцира квалитетот и оригиналниот звук.

Појачалото со вакуумската цевка кај ова домашно кино им овозможува на корисниците уживање во унапредено аудио доживување. Тоа нуди топол, богат и реалистичен звук кој делува многу поприродно.



Напредната технологија овозможува конвергенција со останатите паметни уреди, преку Bluetooth конекција, NFC и Wi-Fi. Уредот исто така има и многу интересна функција на пресликување на екран (screen mirroring) која овозможува приказ на екранот на паметен уред на ТВ екран.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Невработена службеничка го прашува директорот:
- Кои се условите да станам ваша секретарка?
- Многу едноставни: сакаш или не сакаш?
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
885.- Во Моравија умре Методиј Солунски, постар...
1587.- Британската флота под команда на адмирал...
1772.- Во Лондон е роден Давид Рикардо, англиски...
1775.- Американската војна за независност почна...