Паметни влошки

Технологијата која се носи, односно гаџетите во облик на паметни нараквици, синџири, часовници и очила, не би биле онаа вистинска технологија која се носи да не се најде на нашиот најдолен дел од телото, односно стопалата.



Откако имавме прилика да ги видиме паметните чевли и патеки опремени со сензори за следење на фитнес активностите и навигацијата, ни пристигнува и технологија која со следење ќе ни овозможи греење на замрзнатите стапала додека зимно време поминуваме километри во потрага за нешто што ни треба по градот.

Француската компанија Digitsole, претстави проект на истоимени влошки за чевли кои ги поседуваат токму тие својства, ви овозможуваат греење на стапалата до максимални 40 степени Целзиусови, додека истовремено го бројат чекорите кои и оддалеченоста која сте ја поминале.



Со сите функции на овие влошки се управува со помош на апликација за паметен Android телефон, на кој ги спојувате преку Bluetooth 4.0. Влошките се изработени од материјал кој добро апсорбира вибрации и удари, додека помеѓу два слоја освен грејачи се наоѓа и батерија која се полни преку USB, а би требала на вашите стапала да им понуди помеѓу 7 часа до неколку дена топлина, што секако зависи од надворешната температура и температурата која ја местите за греење.

Digitsole влошките засега не можат да се купат, бидејќи треба да започне crowdfunding кампањата на Kickstarter за собирање на пари потребни за сериско производство, но ако во развојот на проектот вложите 100 долари, ќе ви бидат испорачани во текот на месец декември оваа година



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Наставникот по географија го завртел глобусот и го прашува ученикот кој треба да одговори:
- Што е ова?
- Почнуваат вести - одговорил ученикот.
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1191.- Почна зографирањето на црквата "Свети...
1284.- Роден е англискиот крал Едвард II....
1595.- Во Рим умре Торквато Тасо, италијански...
1599.- Роден е водачот на Англиската револуција...