Вреќа за спиење која ќе ве спаси од торнадо

Што велите за вреќа за спиење која ќе ве чува освен од студот и од инсектите и од многу по опасни нешта?



Изумителот на вреќата за спиење Tuuli Armor, Стивен Андерсон своевремено преживеал торнадо од категоријата EF-5, кое го погодило неговиот град Јоплин во Мисури во 2011 година.

Како и повеќето луѓе од неговото соседство, со своето семејство не успеал никаде да побегне, туку катастрофалните ефекти од бурата ги преживеал заштитен само со душек.



Ова искуство го променило толку многу што одлучил да преземе нешто што ќе овозможи функционална заштита за луѓето од откорнати летачки предмети кои се движат со голема брзина, па така настанала и оваа вреќа за спиење кој ќе ви добредојде ако се наоѓате надвор на олуја.

Вреќата за спиење на Андерсон, за чие сериско производство стартувал crowdfunding кампања на порталот Indiegogo, изработена е од балистички најлон, а за да биде сигурен во нејзината функционалност, ја тестирал со помош на воздушен топ од сопствена изработка од кој во неа со брзина од 320 км на час испукувал дрвени, метални и стаклени предмети.

Ако сметате дека оваа вреќа ви треба, ќе ја добиете ако помогнете во финансирањето со 350 долари.

TUULI ARMOR Tornado Shield from Dustin Storm on Vimeo.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Седат Буш и Пауел во кафич и прават муабет. Влегува човек во кафичот, ги гледа двајцава и не му се верува дека се таму. И приоѓа на маса и ги прашува:
- Абе, вие Буш и Пауел...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1533.- Роден е холандскиот државник Вилхелм I...
1731.- Умре англискиот писател Даниел Дефо, кој...
1815.- Роден е англискиот писател Ентони Тролоп...
1854.- Врховниот суд на САД донесе пресуда дека...