Каде згреши Џобс?

Претставувањето на iPhone 6 и iPhone 6 Plus со екран од 5.5 инчи изгледа покажа дека основачот на компанијата Apple, Стив Џобс погреши кога во 2010 година изјави дека „никој не сака да купи телефон со голем екран“.



Иако можеби оваа изјава денес може да се смета малку за претерана, таа укажува на сржта на она што моментално стои позади 276 милијарди вреден пазар на паметни телефони, во прашање е големината на екранот.

Apple претстави две верзии на новиот iPhone со дијагонала на екран од 4.7 и 5.5 инчи со причина. Ривалите во последните две години градеа пазар кој компанијата во целост го запостави, пазар за луѓето кои сакаат големи и светли екрани кои се идеални за мултимедија и бизнис.

Колку за потсетување, Џобс го лансираше iPhone со екран од 3.5 инчи. Кога iPhone 4 наиде на проблеми затоа што ги прекинуваше повиците затоа што корисниците го држеа на „погрешен“ начин, Џобс одржа конференција за медиуми.

Во таа прилика беше запрашан зошто не направи поголем телефон така да антената има повеќе простор внатре во куќиштето, а со самото тоа и подобар сигнал?

Џобс одговори дека не му се допаѓаат големите телефони кои ги прават другите, а особено Samsung.

„Никој тоа нема да сака да го купи“, беше неговиот одговор.

Но, до 2013 година челниците на Apple почнаа да се премислуваат. Интерните документи покажуваа дека продажбата на iPhone полека го губи растот, иако самиот пазар бележеше раст.

„Корисниците го сакаат она што ние го немаме“, беше насловот на еден од слајдовите во документите.

Друг документ укажувал на тоа дека корисниците најмногу се жалат кога iPhone 5,5S и 5C се во прашање, сакаат поголем екран.

Малиот екран за iPhone стана проблем за Apple, а не предност како што Џобс сметаше пред три години.

Во прашање е една од ретките и можеби најчудната грешка која Џобс некогаш ј анаправил. Кога iPhone стана голем хит во 2007 година со екран од 3.5 инчи, тој екран во тој момент беше еден од најголемите дисплеи на пазарот.

Корисниците тогаш ги користеа телефоните на Nokia со големина на штангла од чоколади чија површина во голема мера беше покриена со физичка тастатура, а на екранот едвај имаше место за име и број.

Оригиналниот iPhone донесе повеќе простор на екранот дозволувајќи им на луѓето да уживаат во мултимедијалноста и апликациите.

На самиот крај, не е чудно што Џобс направи погрешна проценка во врска со големината на екранот, туку што никогаш не призна дека токму големиот екран е она што iPhone го направи познат во текот на неговиот живот.

iPhone беше телефон со најголем екран, но Џобс тоа едноставно не го виде како клуч на неговиот успех.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Наставникот по географија го завртел глобусот и го прашува ученикот кој треба да одговори:
- Што е ова?
- Почнуваат вести - одговорил ученикот.
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1191.- Почна зографирањето на црквата "Свети...
1284.- Роден е англискиот крал Едвард II....
1595.- Во Рим умре Торквато Тасо, италијански...
1599.- Роден е водачот на Англиската револуција...