Твитање на вистински пари во Франција

За популарноста на Twitter не траба да пишуваме, бидејќи оваа платформа со 310 милиони единствени месечни корисници, е најпопуларната социјална мрежа на светот, секако по Facebook.



До сега сигурно сте биле во можност да видите мноштво на необични твит пораки, но сигурно не очекувате дека некој еден ден би можел да твита вистински пари.

Токму тоа го овозможува услугата S-money која во соработка со Twitter ја стартуваше најголемата француска банка BPCE.

Таа се разликува од услугата на Twitter "Buy Now", која на корисниците им овозможува плаќање на роба од компаниите со помош на вграденото копче „Pay“, бидејќи е наменета за директни трансакции помеѓу самите корисници на Twitter.

Со други зборови, сега се нуди можност да на своите Twitter пријатели им испраќате пари без потреба од внесување на податоци за нивните банкарски сметки.

Во соопштението на BPCE не се наведени детали за начинот на кој тоа функционира, но се наведува дека новата услуга е „совршено вклопена во искуството на твитањето“.



Ако помисливте дека ова е добро време за разни „полулегални“ трансакции, ќе мора да ве разочараме со податокот дека услугата функционира само за граѓаните на Франција.

Но, ние се надеваме дека оваа услуга ќе ги поттикне и останатите држави (вклучувајќи ја и нашата) па ќе воведеме S-денари.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Седат Буш и Пауел во кафич и прават муабет. Влегува човек во кафичот, ги гледа двајцава и не му се верува дека се таму. И приоѓа на маса и ги прашува:
- Абе, вие Буш и Пауел...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1533.- Роден е холандскиот државник Вилхелм I...
1731.- Умре англискиот писател Даниел Дефо, кој...
1815.- Роден е англискиот писател Ентони Тролоп...
1854.- Врховниот суд на САД донесе пресуда дека...