Воените роботи преминуваат од Linux на Android

Компанијата iRobot освен роботот правосмукалка Roomba и роботот за телекомуникации AVA, произведува роботи наменети за надзор, извидување, спасување, шпионажа па дури и за демонтирање на експлозивни уреди, а повеќе од 6 000 од нив се наоѓаат во оперативните единици на војската и полицијата ширум светот.



До сега нивните воени роботи со сликовити имиња како 310 SUGV, 510 PackBot и 710 Kobra, имаа потреба од посебен вид на контролер, односно специјални одвоени џојстици и монитори, кои работеа под оперативниот систем на Linux, што е прилично скапо, бидејќи освен робот мораа да користат и целосен хардвер за управување од iRobot.

Компанијата сега објави дека издаде нов систем за управување под називот uPoint MRC (Multi-Robot Control), кој им овозможува на операторите да управуваат со своите роботи со помош на Android таблет, со внесување на команда преку екранот чувствителен на допир.

Покрај тоа, новиот управувачки софтвер им овозможува на операторите да управуваат со повеќе роботи во исто време, и избор на робот со кој сакаат да управуваат со едноставно префрлање помеѓу табови.

Новата управувачка програма исто така носи можност за делење на податоци помеѓу членовите на тимовите, како и снимање на видеа со помош на камерата на роботот, и аплоадирање на филмови на сервисот во облакот.



Апликацијата комуницира со роботите преку нови uPoint Robot Radio мрежи, со оглед дека Bluetooth-от не би можел да биде доволно сигурен за чувствителни ситуации.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Наставникот по географија го завртел глобусот и го прашува ученикот кој треба да одговори:
- Што е ова?
- Почнуваат вести - одговорил ученикот.
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1191.- Почна зографирањето на црквата "Свети...
1284.- Роден е англискиот крал Едвард II....
1595.- Во Рим умре Торквато Тасо, италијански...
1599.- Роден е водачот на Англиската револуција...