Twitpic се „предаде“ на Twitter

Во текот на последните неколку месеци, платформата за делење на фотографии Twitpic беше во константна борба со Twitter, кој тврдеше дека Twitpic ги повредува неговите права.



Но Twitpic, објави дека Twitter го купи во рамки на договор да се задржат фотографиите и видео снимките на корисниците на оваа платформа.

Па така сега Twitter има целосна контрола над Twitpic доменот и неговата фото архива.

Во постот во кој Twitpic им се заблагодарува на корисниците кои биле со него во текот на ова “тензично возење“, основачот на компанијата Ноа Еверт детално ги објасни условите на договорот.

“Twitter ја дели нашата цел за заштита на корисниците и нивните податоци. Со оглед на тоа дека Twitpic базата се состои од сметка на корисникот на Twittre, целосно е смислено да се задржат овие податоци од Twitter“.

Еверт исто така најави дека повеќе нема да биде дел од Twitpic, ниту пак од Twitter.

“Ова е моето последно поглавје со Twitpic, и уште еднаш сакам да ви се заблагодарам што ми овозможивте да бидам дел од вашето искуство на делење на фотографии скоро цели седум години. Ми беше чест“, напиша Еверет.

Под новите услови, Twitpic повеќе нема да им дозволува на корисниците да поставуваат нови содржини на платформата, ниту ќе можат да симнат Twitpic апликација од Android или Apple продавниците, но ќе можат да пристапат и да ја симнат својата фото архива.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Наставникот по географија го завртел глобусот и го прашува ученикот кој треба да одговори:
- Што е ова?
- Почнуваат вести - одговорил ученикот.
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1191.- Почна зографирањето на црквата "Свети...
1284.- Роден е англискиот крал Едвард II....
1595.- Во Рим умре Торквато Тасо, италијански...
1599.- Роден е водачот на Англиската револуција...