Велосипедски гуми кои нема да се дупнат

Замислете дека повеќе не морате да ги пумпате гумите од велосипедот и дека е речиси невозможно истите да бидат дупнати, па дури и од шајка.

Лондонската компанија Tannus штотуку ја претвори вашата замисла во реалност.

Тие создадоа гуми кои не можат да бидат дупнати како резултат на тоа што немаат воздух и се направени од посебен полимер. Станува збор за посебна нанопена, која може да се најде и во патиките, инаку ултра лесен материјал кој го апсорбира ударот и дупчењето од остри предмети.

-Велосипедистите повеќе не треба да се грижат за сигурноста. Никогаш нема да се грижат за тоа дека ќе задоцнат на работа, дека ќе менуваат гума на ладно и дали ќе имаат време да се вратат од работа на својот велосипед. Се надеваме дека со ова и оние луѓе кои не возат велосипед ќе започнат да го прават тоа, велат од компанијата.

Големината и тежината на гумите е речиси иста со онаа на регуларните велосипедски тркала. Со нив може да се поминат околу 9650 км, а чинат од 89 фунти за пар тркала.

Овој тип на велосипедски гуми веќе се хит на Далечниот исток каде досега се монтирани на повеќе од 200 илјади велосипеди.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Невработена службеничка го прашува директорот:
- Кои се условите да станам ваша секретарка?
- Многу едноставни: сакаш или не сакаш?
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
885.- Во Моравија умре Методиј Солунски, постар...
1587.- Британската флота под команда на адмирал...
1772.- Во Лондон е роден Давид Рикардо, англиски...
1775.- Американската војна за независност почна...