Македонски Телеком и Т-Мобиле воведуваат CLOUD партнерска програма

Наменета за партнери кои имаат сопствени софверски решенија или партнери кои нудат ИТ продукти и услуги

 



Македонски Телеком и Т-Мобиле Македонија објавија повик за Cloud партнерства. Партнерската програма се однесува на постојните, но и потенцијални партнери кои имаат сопствени софтверски решенија или пак компании кои веќе нудат продукти и услуги.

Ваков тип на програма се објавува за прв пат во Македонија а целта е на корисниците да им се понудат комплетни (end to end) решенија преку партнерства со други компании.

„Истражувањата на Телеком пазарот покажуваат дека до 2015 година, една третина од глобалниот пренос на податоци во светот ќе биде преку Cloud. Тие податоци јасно зборуваат дека веќе влегуваме во едно „поврзано општество“ каде има се поголема потреба за вакви услуги. Преку оваа програма, ја нудиме нашата врвна технолошка инфраструктура, долгогодишното искуство и продажна мрежа, а истовремено бараме иновативни идеи за заеднички пласман на пазарот. Се со цел, корисниците да го добијат најдоброто“ – изјави Андреас Маиерхофер, Главен извршен директор на Македонски Телеком.



Повикот се однесува на мали, средни и големи компании кои се занимаваат со понуда на ИТ услуги или апликативни решенија и тоа за три вида на партнерства:

SaaS (Software as servis) партнерства – каде парнерите заедно со Македонски Телеком развиваат нови услуги за деловните корисници;

Индиректни продажни партнери, на кои им се нуди соработка за заедничка продажба на постоечките Cloud услуги на Македонски Телеком;

„Powered by Telekom Cloud” партнери, кои за своите апликациски решенија ја користат инфраструктурата на Македонски Телеком.

„И покрај супериорноста која ја имаме како компанија, понекогаш е потребно да се потпреме на вештините и иновативноста на другите компании. Ова е и одлична можност партнер компаниите да добијат доверлив партнер, да го прошират своето портфолио на услуги, да добијат нови извори на приходи и сето тоа да придонесе за зголемена доверба и задоволство на корисниците што е и нашата крајна цел“ – изјави Жарко Луковски, Главен извршен директор на Т-Мобиле Македонија

Сите детали за аплицирање за партнерство се објавени на http://business.telekom.mk/



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Муабетат двајца пријатели во кафана:
- Абе, знаеш дека од една пијачка ме фаќа?
- Ај, шо збориш, од една само???
- Да бе, и тоа обично шестата.

* * *
Прашува едно дете...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Времена измена на режим на сообраќај на регионален пат Р1101 делница Прилеп - Битола заради интезивирање на градежни активности во врска со проект "Санација на трупот на патот кај...
Верски календар
На денешен ден
1461.- Во најкрвавата битка во Војната меѓу двете...
1772.- Умре шведскиот филозоф Емануел...
1792.- Умре шведскиот крал Густав Трети, 13 дена...
1809.- Шведскиот крал Густав Четврти мораше да...