Ја совладавте ли конечно техниката за создавање на најдобро селфи? Ако одговорот е да, тогаш за вас има нов предизвик. Селфијата полека излегуваат од мода, па ако сакате да бидете и понатаму во тренд и во чекор со времето, ви го претставуваме феноменот познат под името Dronie. Тоа е фотографија снимена со помош на мини хеликоптер кој се управува со помош на далечински управувач.
Па така повеќе не ви се потребни ни продолжетоци ниту пак носачи на камера за да креирате совршени фотографии, туку ви е потребен само мал хеликоптер со камера. Доколку сте спретни со управувач тој ќе ви направи неверојатни фотки со кои ќе можете да ги украсувате вашите профили на социјалните мрежи.
Британски Телеграф пишува дека Dronie-та се подобри ако пристигнуваат во облик на видео записи наместо фотографии, а веќе се користени во бројни спотови ширум целиот свет. На овој начин туристичката заедница на Нов Зеланд сними Dronie кои подоцна ги користеше за промотивни цели.