Откако Google со новата верзија на Android, 5.0, популарно наречена Lollipop го претстави својот Material Design стил, реши сите свои апликации да ги направи во тој, поразигран дух. Откако полека сите корисници на Android започнаа да ја добиваат надградбата за Gmail и Google Аps со новиот модерен пошарен и повпечатлив дизајн, сега гигантот ни откри дека и Google Maps апликацијата ќе добие нов изглед.
Освен што самата апликација ќе добие разубавување, Google ќе ни понуди новиот изглед на своите мапите, кои сега го добиваат Material Design, стилот.
- Новите бои ќе изненадат и нема да постои некој корисник на кој нема да му се допадне оваа промена. Освен изгледот, ние се потрудивме и вашите патувања да ги направиме поедноставни. Новата поубава верзија на Google Maps ќе пристигне во текот на овие денови, стои во соопштението од Google.
Интересно е тоа што новите мапи доаѓаат и со нови функционалности, кои сепак ќе бидат достапни само во Америка. На пример таму корисниците ќе имаат можност да резервираат маси во ресторан или пак да знаат каде има Uber возило.
Како што објавија од Google, надградата во исто време ќе пристигне за Android и iPhone. Во блиска иднина очекуваме да пристигнат и Material Design надградби и за YouTube и Google Calendar.