Помеѓу разните потрошувачки уреди кои станаа паметни, веќе некое време се наоѓаат паметни светилки кои овозможуваат со нив да управувате со паметните телефони или да им ја програмирате јачината и бојата на осветлувањето.
Проектот под името BeON, кој на Kickstarter го претстави старт ап компанијата BeON Home, претставува нова напредна паметна функција, која на светилките им овозможува чување на вашиот дом.
Всушност кога одите на годишен одмор или викенд, овие светилки можат да се палат според пример кој го користите кога сте дома, но исто така ќе мораат да го “слушаат“ ѕвончето на вратата па на ѕвонењето ќе стартуваат одредена секвенца на палење на осветлувањето во вашиот стан или куќа, што на потенцијалните провалници ќе им создаде чувство дека некој се наоѓа внатре и ќе го одврати од идејата за провалување во вашиот дом.
Покрај тоа BeON светилките можат да се програмираат и според звукот на противпожарниот аларм, па автоматски ќе се осветли вашиот дом за да можете брзо да престигнете до излезот.
Со оглед на тоа дека секоја светилка има сопствен резервен извор на напојување, ќе овозможи расветлување некое време и кога ќе нема струја во домот, а сите функции и програмирање на примероци на осветлувањето можете да ги управувате преку апликацијата на паметниот телефон.
И за крај можеме да додадеме дека BeON светилките користат штедливи LED-и кои овозможуваат меко бело светло со јачина од 800 лумени, а комплетите од 3 до 9 светилки ќе се продаваат по цена од 199 до 595 долари.