Паметни обетки за фенси стајлинг

Првата паметна обетка на светот го следи работењето на вашето срце, трошењето на калории, но и други активности.



По појавата на бројни гаџети кои можат да се носат во облик на паметна нараквица, часовници очила, капи, ни пристигнува и едно парче накит кој своите паметни функции ќе ги покаже на вашето уво.



Овој гаџет  познат под називот Ear-O-smart е паметна обетка опремена со сензори кои на апликацијата на вашиот паметен телефон (Android или iOS) преку Bluetooth 4.0 ќе јавува како ви чука срцето, како стоите со согорувањето на калории, и какво ви е нивото на телесни активности.

Секако ова парче накит е наменето за понежниот пол, но ќе биде достапно во кит за изработка на сопствени креации, па ќе можете да го носите и во некоја друга форма.



Што се однесува до контролата на срцевите отчукувања, Ear-O-smart тоа го прави со мерењее на протокот на крв на кожата, со користење на LED и со мерење на промените во апсорбирањето на светлото.

Основниот модел на обетките ќе се појави на пазарот во февруари 2015 година, а цената ќе изнесува 110 долари, но авторите велат дека би можел да биде интересен на индустријата за накит, која би можела да го произведува во разни облици, вклучувајќи ги и најлуксузните и најскапите опремени со скапоцени камења.

Секако, услов за сето тоа е прво на Kickstarter да ги соберат бараните 30.000 долари.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Наставникот по географија го завртел глобусот и го прашува ученикот кој треба да одговори:
- Што е ова?
- Почнуваат вести - одговорил ученикот.
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1191.- Почна зографирањето на црквата "Свети...
1284.- Роден е англискиот крал Едвард II....
1595.- Во Рим умре Торквато Тасо, италијански...
1599.- Роден е водачот на Англиската револуција...