Facebook не расони со новите правила!

Утрово доколку отворивте Facebook ве дочека едно интересно известување. Како што се наведува на официјалниот блог на компанијата, се што реши Facebook да промени најмногу е поради своите корисници, потпомогнато од нивните предлози и сугестии.

Денеска Facebook на сите свои корисници им прати известување дека од 1-ви јануари 2015-та година стапуваат на сила новите правила. Станува збор за услови на користење, како и подобро пласирање на рекламите кои секојдневно ги гледаме.

Во делот на сајтот кој се нарекува „Privacy Basic“ корисниците на интерактивен начин можат да дознаат што ги интересира за користење на популарната друштвена мрежа. Тука на корисниците ќе им биде објаснето што луѓето можат да видат на нивните профили, како другите можат да комуницираат со вас, како и што вие можете да видите во сопствениот News Feed.

Компанијата со новите услови на користење ќе ги подобрат и типовите на реклами кои нам ни се сервираат. Новата политика на Facebook ќе научи уште повеќе за работите кои ги интересираат корисниците и на сите ќе им понуди реклами на основ на тоа што ги интересира. Од сега ќе гледаме исти реклами на сите уреди со кои пристапуваме на оваа друштвена мрежа, а кога еден оглас ќе го означиме како „непосакуван“, тој повеќе никогаш нема да се појави повторно.

Со самото прифаќање на условите на користење ние одамна дозволивме на Facebook да прикажува многу информации за нас, како што и на кое место се наоѓаме, името, презимето, датумот на раѓање, а на основ на она што следиме (лајкуваме и коментираме), Facebook може да добие и некоја општа слика за профилот на корисниците.

Најавено е дека во некои региони, интернет гигантот ќе започне да тестира и таканаречената „Buy“ – купи, опција која на корисниците ќе им овозможи да купуваат различни производи без потреба да ја напуштаат страницата на популарната друштвена мрежа.

Целокупниот извештај за новите услови можете да ги прочитате тука.

Дали овој пат Facebook ќе успее да ги изманипулира своите корисници и без проблем да ги натера на новите правила и услови на користење, или овој пат корисниците ќе се „кренат“ на нозе и ќе ја нападнат омилената друштвена страница, останува да видиме.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Двајца излегле со своите жени низ чаршија да се прошетат но и двајцата ги изгубиле своите жени.
И почнале да ги барат.Барајки ги жените и двајцата се судриле.Првиот рекол:Извини...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
570.- Во Мека е роден Мухамед, основач на...
1653.- Водачот на Англиската револуција Оливер...
1657.- Англиската флота, под команда на адмирал...
1768.- Умре италијанскиот сликар Каналето, еден...