Половните батерии од лаптоп може да згреат семејство

Половната батерија на лаптоп има доволно енергија да може да ги снабди со струја сиромашните домови, вели студијата на компанијата IBM.



Експертите од компанијата IBM ги анализирале отфрлените батерии од старите лаптопи и дошле до заклучок дека 70% од тие батерии се во состојба да обезбедат 4 часа струја дневно за една сијалица и тоа цела година. Истражувачите велат дека користењето на фрлените батерии од лаптопите се поевтини од многу алтернативни решенија, како и дека помагаат во намалување на електронскиот отпад.



Овој концепт е неодамна успешно тестиран во индискиот град Бамгалору. Се очекува дека адаптирани батерии од половните лаптопи ќе бидат во состојба да обезбедат струја за уличните продавачи кои не се приклучени на постоечката електрична мрежа, но и на семејствата кои живеат во сиромашните делови.

Тимот на IBM креираше уред под називот UrJar кој користи половни литиум-јонски батерии за да ги снабдува потрошувачите кои трошат малку струја, како што се сијалиците.

Тие се надеваат дека така ќе им помогнат на 400 милиони луѓе во Индија кои имаат проблем со снабдување со електрична енергија. Опциите како соларна енергија се моментално премногу скапи, а и нивното спроведување во реалноста е логистички покомплицирано.

Доколку UrJar биде во состојба да трае година дена и ако се произведува на големо IBM експертите сметаат дека би можел да чини околу 9 евра.

Посебно треба да се земе предвид проблемот со електронскиот отпад, кој е присутен особено во неразвиените земји каде завршуваат повеќето отфрлени електронски уреди од земјите кои се добростоечки во поглед на економијата.

Според истражувањето, само во Америка дневно се отфрла 142.000 компјутери, што изнесува околу 50 милиони на годишно ниво.

Индија е особени проблематична кога електронскиот отпад е во прашање. Покрај отпадот кој во оваа земја пристигнува од западот, нивната растечка ИТ индустрија се повеќе прави сопствен. Според едно истражување Индија прави 32 тони електронски отпад на годишно ниво.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Невработена службеничка го прашува директорот:
- Кои се условите да станам ваша секретарка?
- Многу едноставни: сакаш или не сакаш?
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
885.- Во Моравија умре Методиј Солунски, постар...
1587.- Британската флота под команда на адмирал...
1772.- Во Лондон е роден Давид Рикардо, англиски...
1775.- Американската војна за независност почна...