Соодветна замена за iPhone

Паметниот телефон на Apple води на пазарот и има многу лојални корисници, но тоа не значи дека одговара на сечиј вкус.



Ви ја претставуваме алтернативата на популарниот iPhone, во зависност од тоа што кај него најмногу ви пречи:

Преголем е

Ако фаблетот iPhone 6 Plus е преголем за вас, очигледната алтернатива е „обичната“ 6-ка. Но, можете да имате и помал телефон, а тоа да не влијае на функционалноста на телефонот. Еден од таквите е Sony Experia Z3 Compact уред со димензии 127 x 65 x 9mm, кој зазема малку место, а нуди добри перформанси.

Камерата не е доволно добра

Ривалите одамна го надминаа iPhone со поголемиот број на мегапиксели. Најдобра алтернатива е Samsung Galaxy S5, со камера од 16 мегапиксели, што значи дека нуди двојно поголема резолуција од телефонот на Apple.

Исто така, добар избор е и Lumia 930 со 20 мегапиксели.

Нема доволно меморија

iPhone не ви остава можност да ја проширите меморијата, што е опција која ја имаат многу други памети телефони. Многу Android уреди имаат опција инсталирана на екстера мемориска картичка, која не чини многу, а нуди и до 64 GB дополнителен простор.

Сакате уред од одговорна и еколошки свесна компанија

Голем број на телефони, како што е веќе познато се склопуваат во Кина, а фабриките во кои се составуваат обично се на мета на борците за човекови права кои тврдат дека условите во кои работат тамошните работници се нечовечки.

Apple тврди дека работниците кои работат на нивните уреди не трпат никаква тортура, како и дека фабриките во кои се склопуваат нивните телефони се грижат за животната средина.

Но, ниту еден произведувач не е социјално одговорен како холандскиот Fairphone.

Оваа компанија моментално работи на првиот уред, и тврди дека ги избегнува компонентите направени од минерали од сомнителни рудници и дека склопила посебни договори со кинеските работници во кои им се гарантираат добри услови за работа.

Нивниот телефон е едноставен уред со Android од средна класа и не нуди никакви посебни опции, но затоа ја олеснува совеста.

Се грижите за кршењето на екранот

Ова лето е претставен Samsung Galaxy 5S Active за фановите на спортот, но и за оние на кои често им се случува да го испуштат телефонот од раце.

Екранот на овој уред е направен од Gorilla Glass 3 стакло, кое го штити од гребаници, па иако не е неуништлив, секако полесно ќе ви биде по тоа прашање.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Наставникот по географија го завртел глобусот и го прашува ученикот кој треба да одговори:
- Што е ова?
- Почнуваат вести - одговорил ученикот.
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1191.- Почна зографирањето на црквата "Свети...
1284.- Роден е англискиот крал Едвард II....
1595.- Во Рим умре Торквато Тасо, италијански...
1599.- Роден е водачот на Англиската револуција...