Пристигнува Socialmatic

Откако помина повеќе години во фаза на подготовка и развој, конечно е пред купувачите чудниот фотоапарат на Полароид за социјалните мрежи кој е наречен Socialmatic.



За овој уред можете да се претплатите на Amazon по цена од 299,99 долари. Инаку овој производ би требало да се најде на пазарот веќе од 1 јануари следната година.

Станува збор за уред кој може веднаш по снимањето да исфрли физички фотографии, по што и Полародиот е познат, како и да ги постави истите фотографии на интернет. Апаратот има предна камера од 14 мегапиксели, како и позадинска од само два мегапиксела, а двете имаат вграден блиц.

Располага со скромна 4GB вградена меморија, што е можно да се прошири дополнително до 32 GB. Интересно е и дека има вградено стерео звучници.

Оперативниот систем е прилагодена верзија на Android, со кој се управува преку екранот чувствителен на допир, со дијагонала од 4,5 инчи. Секако, пристигнува и со вградени филтри. Се спојува со интернет преку безжичен интернет, а тука се и Bluetooth и GPS.

Може да се додаде и QR код на фотографијата, што би требало да помогне при следење на нејзиниот живот на интернет.

Проектот настана како концепт во ADR Студиото, а Полароид официјално му се приклучи во март 2013 година како хардверски партнер.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Наставникот по географија го завртел глобусот и го прашува ученикот кој треба да одговори:
- Што е ова?
- Почнуваат вести - одговорил ученикот.
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1191.- Почна зографирањето на црквата "Свети...
1284.- Роден е англискиот крал Едвард II....
1595.- Во Рим умре Торквато Тасо, италијански...
1599.- Роден е водачот на Англиската револуција...