Дури две години чекавме за ова: Тие се нови, интересни и забавни!

Една од најпопуларната друштвени мрежи на планетата на која секојдневно корисниците објавуваат милиони фотографии, Instagram, после скоро две години додава нови и интересни работи кои ја изненадија јавноста.

Станува збор за 5 нови филтри кои се дел од новиот апдејт на апликацијата за Android и iOS телефоните со кои вашите фотографии ќе изгледаат уште поубаво.

- Дури 2 години бевме „заглавени“ со истите филтри за фотографиите. Корисниците почнаа да негодуваат, па си најдоа интересни алтернативи како апликацијата VSCO. Таа за краток период стана вистински хит, па Instagram остана само друштвена мрежа за да си ја објавите фотографијата, а не алатка со која ќе ја разубавите вашата фотографија. Луѓето си ги средуваа фотографиите на VSCO, а потоа така направена ја објавуваа на Instagram, без да пипнат некој од филтрите. Од Instagram го увидоа овој проблем и решија да сменат некои работи. Ова е навистина нешто ново и интересно, пишува The Verge.


Aden

Имено од вчера можете да ја апдејтирате оваа апликација и со тоа ќе имате 5 филтри за кои Instagram вели дека ова се најдобрите досега. Станува збор за ефектите Slumber, Creama, Ludwig, Aden и Perpetua.


Crema

Со нив, апликацијата сега ви нуди вкупни 25 филтри за разубавување на нашите фотографии кои ги правиме со нашиот smart телефон.


Ludwig

Oсвен овие 5 новитети, апдејтот носи и нов интерфејс. При разубавувањето на фотографијата, сега добиваме и мини-верзија за тоа како би изгледала доколку го искористите филтерот, што е одлична вест.


Slumber

Па така во долниот дел наместо да ги имате филтрите претставени преку икона со балон, сега вие ќе можете да ја видите вашата фотографија со филтер во мала големина. Можете да ги одберете вашите омилени филтри со опцијата Manage и секако да ги сокриете оние што најмалку или воопшто не ги користите.


Perpetua

Наместо сега да се оптоварувате со 25, вие одберете си ги најубавите според вас и побрзо објавете ја саканата фотографија.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Невработена службеничка го прашува директорот:
- Кои се условите да станам ваша секретарка?
- Многу едноставни: сакаш или не сакаш?
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
885.- Во Моравија умре Методиј Солунски, постар...
1587.- Британската флота под команда на адмирал...
1772.- Во Лондон е роден Давид Рикардо, англиски...
1775.- Американската војна за независност почна...