Фото прилагодување: Најновата опција на Facebook ќе ве воодушеви!

Од вчера, најголемата социјална мрежа воведе опција со која автоматски ќе се прилагодува осветлувањето, сенките и острината на фотографиите кои ги објавувате. Истата е достапна за сите iOS корисници, а наскоро оваа можност ќе добие и Android апликација.

Повеќето луѓе фотографиите на Facebook ги објавуваат од мобилниот телефон. Од таа причина, најпопуларната друштвена мрежа на светот реши во својата апликација за смарт телефони да додаде опција за автоматско подобрување на фотографиите пред корисникот да ги објави на својот профил.



Од вчера оваа опција, со која поточно автоматски се прилагодуваат осветлувањето, сенките и острината на фотографијата, е достапна за сите iOS корисници. Нивото на подобрување ќе можете да го регулирате и сами, или во потполност да го исклучите доколку не ви се допаѓа крајниот изглед на сликата која сакате да ја објавите.



Целата приказна звучи познато, бидејќи оваа можност Google ја додаде во Google+ уште минатата година.

Автоматското подобрување на фотографиите на Facebook ќе им биде  достапно и на корисниците на Android, но се уште не е познато точно кога ќе се случи тоа.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Наставникот по географија го завртел глобусот и го прашува ученикот кој треба да одговори:
- Што е ова?
- Почнуваат вести - одговорил ученикот.
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1191.- Почна зографирањето на црквата "Свети...
1284.- Роден е англискиот крал Едвард II....
1595.- Во Рим умре Торквато Тасо, италијански...
1599.- Роден е водачот на Англиската револуција...