Зошто во 2015-та ќе останеме без интернет?

Париската опсерваторија точно на полноќ ќе додаде уште една секунда, поради исправување на разликата помеѓу атомското и времето на Земјата. Имено, научниците пресметале дека 2015-та година мора да биде за една секунда подолга отколку што би требало, бидејќи треба да се усогласи атомското време со Земјиното, поради се побавната и побавна ротација на нашата планета. Додавањето на оваа „престапна секунда“, во споменатиот момент, би можело да предизвика катастрофални падови на системот по целиот интернет, предупредуваат стручњаците.

Според информациите таа дополнителна секунда ќе биде уфрлена по 26-ти пат од 1972 година, кога е направено првпат, по откритието дека „атомското време“ оди пред „Земјиното“ (за две илјадити делови од секундата секој ден). За да се синхронизираат овие две времиња, секои неколку години мораат да се усогласат на овој начин.

Она што е поинакво оваа година е стравот дека дополнителната секунда ќе ги сруши системите на многу интернет сајтови, кои нема да можат да ја пребродат оваа промена.

- И во 2012 година, кога се случило последното додавање, имало катастрофални падови, бидејќи разни подсистеми се изгубиле во промената на времето. Инаку, ако оваа „дополнителна секунда“ не се уфрлува, атомското и Земјиното време би се разликувале за половина час до 2700 година, стои во соопштението на Париската опсерваторија.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Двајца излегле со своите жени низ чаршија да се прошетат но и двајцата ги изгубиле своите жени.
И почнале да ги барат.Барајки ги жените и двајцата се судриле.Првиот рекол:Извини...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
570.- Во Мека е роден Мухамед, основач на...
1653.- Водачот на Англиската револуција Оливер...
1657.- Англиската флота, под команда на адмирал...
1768.- Умре италијанскиот сликар Каналето, еден...