Избегнувајте да го полните мобилниот навечер

Сигурно секој од нас е научен да го полни својот smart телефон навечер. Со тоа телефонот најмалку 7 или 9 часа, а некогаш и повеќе е вклучен на полначот. Британските научници спроведоа обемно истражување кое открива дека тоа воопшто не е паметно, бидејќи со тоа му правите штета на вашиот телефон, но и на вашата сметка за струја.

Денешните мобилни телефони во себе имаат литиум-јонска батерија, која доколку се преполни може да стане опасна, како за самиот уред така и за личноста која го користи.

- Да се разбереме, најдобро е да користите оригинален полнач и кабел, кои сте ги добиле во пакет со вашиот телефон. Сепак и тие не треба да ги користите преку целата вечер, туку кога телефонот ќе се наполни на 100 проценти веднаш треба да го исклучите од струја, заедно со полначот. Друга битна работа е трошењето на струја, држењето на телефонот на 100%, подолго од што е тоа потребно, ја деградира батеријата побрзо од обично. Имено, полначот додека е на струја троши 0.26 вати. Кога мобилниот бил приклучен на полначот, просечната потрошувачка на струја изнесувала 3.68 вати. Кога телефонот е наполнет, потрошувачката паѓа на 2.24 вати. Тоа значи дека толку енергија се троши за време на ноќта, непотребно, стои во соопштението кое го издаде Универзитетот Кембриџ.

Литиум-јонските батерии не би требало да се полнат до крај кога е тоа возможно. Кратките полнења, кога батеријата се троши на краток временски период и потоа се надополнува, е значително подобра опција од целовечерното полнење.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Жена чека пред телефонска говорница да заврши човекот пред неа, меѓутоа поминуваат 10 минути, а тој не само што не отстапува, туку само седи со слушалката на уво и ништо не...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
СОСТОЈБА: Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по наместа влажни коловози. Во западните делови од државата, на повисоките места се бележат врнежи од снег, но...
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Светски ден на книгата и авторското...
1564.- Во Стратфорд е роден Вилијам Шекспир,...
1616.- Во Мадрид умре Мигуел де Сервантес,...
1792.- Создадена е француската химна "Марселеза"...