Ако сте објавиле некој непријатен пост за вас синоќа и уште денес зажаливте не грижете се, постои апликација и за тоа.
Апликацијата Strings која ја стартуваше компанијата Be Labs во Сиетл, ви дава можност трајно да избришете текстуална порака од својот телефон и било кој друг телефон на кој сте ја испратиле.
Освен тоа, оваа апликација бара од вашите пријатели да ве прашаат за дозвола пред преземање на било каква фотографија или видео запис кој сте им го испратиле.
На својата страница Strings го опишува следниов концепт:
- Ние веруваме дека заслужувате спонтано и без страв да ги поделите своите најинтимни моменти и лични мисли преку вашиот паметен телефон. Така ја развивме Strings. Со неа можете да кажете што и да сакате, да делите видеа и фотографии кои ги сакате и кога сакате тоа да го вратите назад. А вашиот пријател, роднина, колега или партнер не може тоа да го подели со останатите. Секако освен ако вие тоа не го сакате.
Изгледа како остварување на сон, но, постои услов. Всушност телефонот од кој сакате да избришете некоја порака или фотографија која сте ја испратиле додека сте биле лути или расеани, исто така мора да ја има инсталирано оваа апликација.
Strings за сега е компатибилна само со iOS. Извршниот директор Едвард Баласаниан изјави за Хафингтон Пост дека ова е прва апликација која на корисниците им нуди целосна контрола над нивната содржина. - Вашите пријатели можат да симнат содржина или да ја делат со другите, но само ако вие тоа им го одобрите, објасни Баласаниан.