Lumia 435 најефтиниот телефон

Познато е дека Microsoft има намера колку што може да ја прошири линијата за пристапни Windows Phone уреди, а компанијата ја претстави Lumia 435, првиот член на 4хх семејството, кое ќе се појави во две различни верзии, односно за една или две SIM картички, а двете ќе се најдат во продажба во месец февруари 2015.



Microsoft наведува дека Lumia 435 ќе биде најевтин Windows Phone уред кој некогаш се појавил, и дека купувачите во Европа, APAC и IMEA регионите за него ќе платат не повеќе од 69 евра.

Овој податок треба да се запамети за да видиме дали нашите продавници ќе ги испочитуваат “правилата на игра“ на компанијата од Редмонд.

Секако, со оваа цена немојте да очекувате некои импресивни хардверски спецификации, па мора да се помирите дека ќе добиете уред со двојдрен процесор од 1,2GHz од Snapdragon, 1 GB RAM и 8GB интерна меморија.



За фотографиите ќе ви послужи камерата од 2MP на задната и VGA камера на предната страна. .

Екранот на телефонот е со дијагонала од 4 инчи, и има резолуција од 800x480, додека батеријата е со капацитет од 1.560 mAh.

Уредот пристигнува со Denim надградба на Windows Phone 8.1 OS, кој е претставен на IFA 2014.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Седат Буш и Пауел во кафич и прават муабет. Влегува човек во кафичот, ги гледа двајцава и не му се верува дека се таму. И приоѓа на маса и ги прашува:
- Абе, вие Буш и Пауел...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1533.- Роден е холандскиот државник Вилхелм I...
1731.- Умре англискиот писател Даниел Дефо, кој...
1815.- Роден е англискиот писател Ентони Тролоп...
1854.- Врховниот суд на САД донесе пресуда дека...