Најновиот најтенок телефон на пазарот

Додека на пазарот на паметни телефони ширум светот најголемите битки се водат на полето на хардверот и напредните перформанси, некои произведувачи настојуваат да се прослават со тоа што сакаат да произведат уред кој ќе биде најтенок на светот.



Пред неколку месеци титулата на најтенок телефон му припадна на уредот Oppo R5 кој на пазарот пристигна со дебелина од само 4,85 мм, а неодамна од тронот го симна Vivo X5 Max со профил од 4.77мм.

Кинескиот произведувач на телефони Coolpad овие денови се вклучи во таа битка, па го претстави Coolpad Ivvi K1 Mini телефонот, кој пристигнува со дебелина од 4мм, што е за 0,77 мм помалку од досегашниот најтенок уред.

Иако разликата не веруваме дека некој може да ја забележи, Coolpad одлучи да стартува маркетинг кампања која се темели на податокот за успешна диета.



Што се однесува до останатите карактеристики на телефонот тие по ништо не се посебно импресивни и може да се стави во средна категорија, со оглед дека пристигнува со 4,7 инчен екран.

Работи на 64 битен четворојадрен процесор Snapdragon 410, а што се однесува до меморијата уредот поседува 1 GB RAM и 8 GB меморија за складирање, додека за фотографии се користи задната камера од 8MP и камера за селфи од 5MP. Телефонот работи на Android 4.4 KitKat.

Цената на уредот измесува околу 200 долари, но не е познато на кои пазари ќе се најде.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Наставникот по географија го завртел глобусот и го прашува ученикот кој треба да одговори:
- Што е ова?
- Почнуваат вести - одговорил ученикот.
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1191.- Почна зографирањето на црквата "Свети...
1284.- Роден е англискиот крал Едвард II....
1595.- Во Рим умре Торквато Тасо, италијански...
1599.- Роден е водачот на Англиската револуција...