ВИДЕО: Птица робот која збуни сокол

Повеќето роботи птици мавтаат со крилата синхронизирано. Но, ова летало кое наликува на гавран, може да ги движи флексибилните крила самостојно, со што може да изведува акробатски маневри во текот на летот, прецизно како што го прават тоа вистинските птици.



Вештачката птица, која ја разви Сатјандр Гупт од Универзитетот Мериланд и неговиот тим, има мотор во секое крило кое овозможува програмирање на различни позиции и брзини, што овозможува дури и да де врти во летот, пренесуваат медиумите.



Обично роботот со повеќе мотори е премногу тежок за да лета. Но, со помош на 3Д печатач за производство на сложени делови во едно парче, тежината се намали доволно за да може да полета.

Иако соколот го помеша роботот со вистинска птица, како што може да се види во видеото, сепак се потребни подобрувања за да се постигне агилност на вистинска птица.



Овој имитатор има краток распон на движења, нема фина контрола на пердувите и нема облик на тело оптимизиран за летање. Опашката на овој робот е веќе осмислена за да дава дополнителна стабилност во летањето.

Иноваторот смета дека неговиот систем со крила може да се искористи во беспилотните летала наместо пропелер за да бидат сестрани.



Се планира да се тестираат различни начини на мавтање на крилата за да се дознае дали може подобрата контрола на обликот на крилата да ја намали потребата на повеќе тешки погонски мотори.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Муабетат двајца пријатели во кафана:
- Абе, знаеш дека од една пијачка ме фаќа?
- Ај, шо збориш, од една само???
- Да бе, и тоа обично шестата.

* * *
Прашува едно дете...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Времена измена на режим на сообраќај на регионален пат Р1101 делница Прилеп - Битола заради интезивирање на градежни активности во врска со проект "Санација на трупот на патот кај...
Верски календар
На денешен ден
1461.- Во најкрвавата битка во Војната меѓу двете...
1772.- Умре шведскиот филозоф Емануел...
1792.- Умре шведскиот крал Густав Трети, 13 дена...
1809.- Шведскиот крал Густав Четврти мораше да...