Facebook ќе помага во спречување на самоубиствата

Со оглед на тоа дека има повеќе од милијарда корисници, Facebook во денешно време игра голема улога во одржувањето на поврзаноста меѓу луѓето.



Освен што на корисниците им нуди брза можност за делење на вестите, најголемата социјална мрежа овозможува и меѓусебна поддршка помеѓу дигиталните пријатели во помалку забавните и среќни моменти.



Со оглед на тоа дека стана свесен дека би можел да им помага и на корисниците кои бараат било каков вид на психолошка помош, Facebook се одлучи да развие нови алатки кои помагаат во превенција за самоубиствата.

Facebook започнува да воведува нова опција внатре во секој пост кој на корисниците им овозможува “флагирање“ (означување на постови) во случаеви кога ќе помислат дека нивниот најдобар пријател би можел да се повреди.

Корисникот кој е загрижен за својот пријател може да кликне на малата стрелка на горниот десен дел на статусот и да ја означи како "report post".

Кога личноста следниот пат ќе се логира, Facebook ќе и понуди опција за контактирање на корисникот кој се грижи за неа, и ќе понуди помош од друг пријател, или ќе го спои со служба за стручна помош.

За воведување на оваа функција, Facebook се здружи со американската организација за ментално здравје.

За почетокот како што стојат нештата ќе биде ограничена само за САД, но Facebook планира овие алатки да ги овозможи за корисниците од целиот свет.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Наставникот по географија го завртел глобусот и го прашува ученикот кој треба да одговори:
- Што е ова?
- Почнуваат вести - одговорил ученикот.
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1191.- Почна зографирањето на црквата "Свети...
1284.- Роден е англискиот крал Едвард II....
1595.- Во Рим умре Торквато Тасо, италијански...
1599.- Роден е водачот на Англиската револуција...