Претерано или...: Apple претстави вистинска убавина која овојпат чини прескапо!

После долго чекање и најавување, Apple на вчерашната презентација во Сан Франциско го претстави својот паметен часовник Apple Watch.

На презентацијата беа прикажани моделите кои ќе имаат ограничена продажба во прво време, а директорот на Apple, Тим Кук гордо на сцената рече дека ова е најперсонализираниот гаџет кој досега го направиле од компанијата.

Според него, Apple ќе понуди 38 модели на паметни часовници , преку кои ќе може да се разговара, да се праќаат пораки, да се користат социјалните мрежи или речиси сите опции кои ги поседуваат паметните мобилни, а ќе бидат опремени и со GPRS.

Разликата во цената ќе ја прави само изработката на часовникот и тоа дали е алуминиумски, челичен или златен.

- Ние досега имаме изработено илјадници апликации за часовниците, рече Кук. 



Секако, тука се едни од најпопуларните кои ги имаат и iPhone и iPad, како Facebook, Viber и Instagram.

Со часовникот ќе може исто така да се отвораат хотелски соби наместо со досегашната картичка или врата од гаража поврзана онлајн. За повеќето функции, сопственикот на часовникот ќе треба да поседува барем iPhone 5 или некој понов iPad.



Сo Apple Watch може да се добиваат SMS и e-mail пораки, со можност за споделување на куп пoдатоци со пријателите, а и да се прават телефонски повици.



- Станува збор за со супер прецизен часовник со доцнење од само 50ms, и со оглeд на тоа дека сепак станува збор за часовник, покажување на времето сепак е најважно. Тој исто така ќе биде и ваш фитнес тренер кој ќе ве потсетува дали доволно се движите, вежбате, па дури и дали седите предолго. „Како да имате личен тренер на вашиот зглоб“. Батеријата на часовникот трае цел ден, но сето тоа ќе зависи од неговата употреба, додава Тим Кук.

Инаку златниот Apple Watch чини неверојатни 10.000 долари, додека обичниот Apple Sport ќе чини некои 350 долари. Исто така ќе има и часовници од 400, 550 и 1.100 долари, се во зависност од материјалот за изработка, како што кажавме претходно.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Невработена службеничка го прашува директорот:
- Кои се условите да станам ваша секретарка?
- Многу едноставни: сакаш или не сакаш?
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
885.- Во Моравија умре Методиј Солунски, постар...
1587.- Британската флота под команда на адмирал...
1772.- Во Лондон е роден Давид Рикардо, англиски...
1775.- Американската војна за независност почна...