Џобс да имаше iWatch немаше да стане визионер

Стив Џобс никогаш не би го довел Apple на чело на светскиот технолошки пазар, да го имаше часовникот кој го „затрупува“ со информации. Односно часовникот кој сега компанијата го промовира, смета Аријана Хафингтон, уредничката и основач на Huffington Post.



Во текот на едно интервју за HBO, таа изјавила дека покојниот извршен директор на Apple веројатно би имал проблем да смислува нови технолошки иновации, ако имал на рака нешто што константно би му го одвлекувало вниманието.

Таа вели дека Џобс најдобрите идеи ги добивал додека медитирал.

Навистина, Џобс се посветил на зен медитацијата во текот на неколкуте месеци кои ги поминал во Индија откако го напуштил колеџот.

- Ако седите и набљудувате, можете да забележите колку е немирен вашиот ум, му раскажал Џобс на биографот Волтер Ајзаксон.



- Ако се обидете да го смирите, само ги влошувате работите, но со време ќе успеете. Кога тоа ќе се случи, ќе направите место да чуете многу посуптилни нешта, тогаш вашата интуиција цвета и можете јасно да а видите сегашноста. Вашиот ум само се забавува, а вие го забележувате ширењето. Гледате многу повеќе отколку што можевте да видите порано. Тоа е дисциплина, морате да вежбате.

iWatch е проблематичен, бидејќи дојдовме до точка кога туш кабината е единствено место на кое можете да бидете без паметниот телефон, смета Хафингтон.

Судејќи спрема сè, таа е во право, бидејќи истражувањата покажаа дека 20% од луѓето помеѓу 18 и 34 години го користат својот телефон и во текот на сексот.

Кога уредот ќе се смести удобно на нашиот зглоб, луѓето ќе бидат уште по поврзани со светот дури и во текон на најинтимните моменти.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Наставникот по географија го завртел глобусот и го прашува ученикот кој треба да одговори:
- Што е ова?
- Почнуваат вести - одговорил ученикот.
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1191.- Почна зографирањето на црквата "Свети...
1284.- Роден е англискиот крал Едвард II....
1595.- Во Рим умре Торквато Тасо, италијански...
1599.- Роден е водачот на Англиската револуција...