Vuzix на MWC го прикажа надградениот VR headset, кој во продажба ќе се најде во текот на ова лето.
Главната работа кај новиот VR headset на компанијата кој го носи називот IWear 720 е поддршка за повеќеструктурна платформа, како и интеграција на слушалки.
Што се однесува до зголемената платформска поддршка, на неа ќе можете буквално да ги споите сите уреди, компјутер, телефон, лаптоп како и други гаџети кои имаат HDMI излез.
Тоа значи дека ќе можете да гледате 2Д и 3Д видео, и да играте игри од разни платформи, десктоп и мобилни, вклучително и играчките конзоли како PS4 и Xbox One.
IWear 720 поседува dual HD екрани кои можат да ви емулираат 130 инчен екран во кој гледате на оддалеченост од 3 метри, и поседува систем за следење на движењето како и поддршка за Unity 3D и Unreal engine игри.
Vuzix за жал не објави информација за цената и достапноста на својот нов VR headset.
Како стојат нештата, на VR-gaming пазарот очигледно се создава се поголема конкуренција, но дополнително ќе видиме дали hard core гејмерите ќе ги прифатат овие системи на своите глави.