Freak загрозува многу компјутери

Стотини милиони Windows PC корисници се ранливи на нападите кои го искористуваат неодамна откриениот “Freak“ сигурносен пропуст кој на почетокот беше закана само на мобилните уреди и Mac компјутерите, објави Microsoft.


"Freak" е кратенка за Factoring RSA-EXPORT Keys.

Веста за ова ранливост на системот се појави деновиве кога група од девет експерти за сигурност открија дека сеприсутната технологија на интернет енкрипција може уредите кои ги стартуваат оперативните системи на Apple, iOS и Mac заедно со Android на Google, може да не изложат на сигурносен ризик.



Microsoft ги предупреди корисниците дека нивните компјутери исто така се чувствителни на "Freak".

Оваа слабост во системот може да овозможи напад на компјутерите кои се поврзуваат со веб серверите конфигурирани за користење на технолошката енкрипција која намерно е ослабена за да биде во склад со американските државни прописи кои пак забрануваат извоз на помоќни методи на енкрипција.

Ако хакерите бидат успешни во својот напад, тогаш лесно можат да ги шпионираат комуникациите, како и да ги заразат компјутерите со малициозен софтвер, предупредуваат експертите.

Исто така тие вела дека ранливоста е релативно тешко да се искористи, бидејќи хакерите би требало да поминат многу часови за да ја разбијат енкрипцијата и да лансираат свој напад на системот.

Microsoft ги советува администраторите на системите да ги онеспособат поставките на Windows серверите кои овозможуваат користење на послаба енкрипција.

Apple пак објави дека разви софтверска заштита која на корисниците наскоро ќе им биде достапна.

Google исто така се огласи дека работи на софтверска закрпа која ќе ја испорача на партнерите кои дистрибуираат Android уреди.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Невработена службеничка го прашува директорот:
- Кои се условите да станам ваша секретарка?
- Многу едноставни: сакаш или не сакаш?
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
885.- Во Моравија умре Методиј Солунски, постар...
1587.- Британската флота под команда на адмирал...
1772.- Во Лондон е роден Давид Рикардо, англиски...
1775.- Американската војна за независност почна...