Македонци се борат за првото место на големиот предизвик на НАСА

Денеска и официјално беше отворен натпреварот NASA SPACE APPS CHALLENGE 2015, кој се одржува во иновативниот центар на Телеком. Во овој натпревар се вклучуваат 250 македонски студенти и ментори од техничките и природно-научните факултети, кои ќе соработуваат за глобални предизвици за зачувување на нашата планета, но и за подетално истражување на вселената.



Учесниците ќе имаат 48 часа да ги завршат предизвиците поставени од НАСА и со тоа да се изборат за бесплатни карти за учество на Pioneers Festival 2015, кој ќе се одржи во Виена. Минатата година токму тим од нашата земја го зема второто место на овој светски познат натпревар, а оваа година учесниците се борат за првото место.



На отворањето се обратија заменик министерот за информатичко општество, Марта Арсовска Томовска, претставник на амбасадата на САД во Македонија, Кејтлин Тарк, директорот за бизнис продажба на Македонски Телеком, Стевчо Ристевски и организаторите на настанот.



- Ова е најголемата светска соработка со јавно достапни информации поставени од НАСА, со цел учесниците да соработуваат за глобални предизвици за зачувување на Земјата и проширување на истражувачките методи за вселената. Македонските студенти и македонските институции се поддржани токму од амбасадата на САД, кои видоа огромен глобален успех во овој проект, изјави Ирена Чаушевска, организаторот на овој настан.



Токму тоа го потврди и претставничката на Американската амбасада, која додаде дека цврсто верува во тоа Македонските учесници да се изборат за првата позиција на овој натпревар.

Конечните резултати ќе бидат соопштени по истекувањето на предвидениот рок, а до тогаш им посакуваме среќа на сите учесници.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Двајца излегле со своите жени низ чаршија да се прошетат но и двајцата ги изгубиле своите жени.
И почнале да ги барат.Барајки ги жените и двајцата се судриле.Првиот рекол:Извини...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
570.- Во Мека е роден Мухамед, основач на...
1653.- Водачот на Англиската револуција Оливер...
1657.- Англиската флота, под команда на адмирал...
1768.- Умре италијанскиот сликар Каналето, еден...