Facebook направи самостоен веб сајт за својот сервис Messenger.
Тој веќе е достапен на Messenger.com, каде можете да одите и да ја користите само таа функционалност од главниот сајт.
Компанијата остана на тврдењето дека тоа не значи дека Messenger некогаш ќе си отиде од сајтот на Facebook. Сепак, Messenger некогаш беше дел од мобилната апликација на Facebook, но потоа го повлекоа па луѓето беа приморани да го инсталираат како самостојна апликација, секако покрај главната.
Значи, во иднина постојат мали шанси вакво нешто да се случи и на веб. За сега меѓутоа и понатаму можете да пристапите на Messenger преку Facebook.com сајтот, но и на неговиот самостоен сајт.
Доколку одите на него, вашите разговори нема да бидат вознемирувани од многуте нешта кои се случуваат на Facebook.