Facebook воведува три нови промени: Очекувајте пад на посетата и прометот

Facebook воведува три големи промени во функционирањето на насловната страница (News Feed), а промената на алгоритамот ќе придонесе за значаен пад на посети и активноста на фан страните.

Како што објавија американските медиуми, повеќе од една година, голем број огласувачи и администратори на фан страни имале огромна корист од големата активност на нивните страници. Сепак од Facebook сега е соопштено дека процесот на воведување на трите големи промени веќе е започнат, а резултатот ќе се манифестира со значаен пад на активноста на фан страните, пренесува Business Insider.

- Сакаме да ве известиме за промените кои ќе влијаат на огласувачите и медиумите, рече Макс Еуленштеин, продукт менаџерот на Facebook.

Ова се трите промени кои се воведуваат:

1. Facebook ќе го олабави своето претходно правило кое ги спречуваше луѓето да видат повеќе содржини од истиот извор. Оваа промена има за цел да го „унапреди искуството на луѓето кои немаат доволно содржини на располагање“, односно нивниот News Feed се менува со помала динамика, напишаа во Eulenstein and Scissors.

- Претходно поставивме правила како би ве спречиле да видите повеќе објави од ист извор по ред. Со новата надградба, ние тоа правило сега ќе го олабавиме. Сега, доколку ви снема содржини на вашиот News Feed а вие сакате да поминете повеќе време на него, тогаш ќе ги гледате нив повеќе.
Иако оваа промена може да го намали насочениот сообраќај, како што се статиите споделени од медиумските страници, наводно управата на Facebook преговара со медиумските организации да се задржи оваа содржина со цел подобро да се пласираат вестите до читателите кои сакаат да го читаат тоа што им се нуди. 

2. Ќе се воведе алгоритам кој ќе направи приоритет на содржините објавени од вашите пријатели во однос на објавите од фан страни.

3. Објавите кои вашите пријатели ги коментирале или лајкувале нема да бидат како досега видливи. Ова посебно ќе влијае на активноста на фан страниците.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Наставникот по географија го завртел глобусот и го прашува ученикот кој треба да одговори:
- Што е ова?
- Почнуваат вести - одговорил ученикот.
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1191.- Почна зографирањето на црквата "Свети...
1284.- Роден е англискиот крал Едвард II....
1595.- Во Рим умре Торквато Тасо, италијански...
1599.- Роден е водачот на Англиската револуција...